Предвидувања: Рускиот гас на крајот ќе се врати во Европа

141

На светот ќе му треба природен гас уште долго време и потребни се поголеми инвестиции за да се обезбеди сигурност на снабдувањето и достапни цени на енергијата за време на глобалната енергетска транзиција, изјавија министрите за енергија на Катар и Обединетите Арапски Емирати, Саад ал-Каби и Сухаил ал -Мазруи.
На глобалниот енергетски самит на Атлантскиот совет во Абу Даби, катарскиот министер за енергија Саад ал-Каби рече дека благата зима во Европа ги намали цените наплинот, но дека нестабилноста на цените „ќе продолжи уште некое време“ со оглед на тоа што нема да пристигне повеќе енергија на пазарот до 2025 година.

„Прашањето е што ќе се случи кога Европа ќе сака да ги наполни складиштата за гас за оваа и следната година“, предупреди Ал Каби, според Ројтерс.

Рускиот гас на крајот ќе се врати во Европа, заклучи Ал Каби.

Министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати Сухаил ал-Мазруи се согласи со тврдењето на Ал Каби дека „гасот ќе биде со нас уште долго време“.

Колку повеќе енергија од обновливи извори, толку повеќе ќе бидат потребни инвестиции во гасот како главен извор на снабдување, нагласи Ал Мазруи.

Според него, енергетската стратегија на многу земји е нејасна, бидејќи тие не склучуваат долгорочни договори за снабдување со гас со производителите и добавувачите.

Оваа неизвесност влијае на енергетската индустрија, која следствено не може да го финансира развојот и новите капацитети, заклучи Ал Мазруи.
Катар е еден од најголемите светски производители на течен нафтен гас, а Обединетите Арапски Емирати се една од клучните земји на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).