Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски вчера изјави дека предвремениот откуп на тутунот во земјава ќе почне кон крајот на септември и почетокот на октомври.
Тој посочи дека изминатите две години покажале е добро што во Македонија има предвремен откуп на тутунот.
“Оваа година очекуваме да има висок квалитет на тутунот. Род некаде повеќе од 25.000 тони, што е исклучително значајно за околу 24.000 семејства во Република Македонија, кои живеат макотрпно обработувајќи го тутнот”, појасни Коњановски по средбата со градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов.
При тоа тој нагласи дека министерството редовно ги исплаќа субвенции на земјоделците, а тоа е пракса на оваа Влада од кога е на власт.
“За тутунот веќе се исплатени субвенциите, премијата изнесуваше едно евро за килограм тутун. Инаку, минатата година постигнавме добра да речеме просечна откупна цена на тутонот во висина од 80 денари, а Владата како поттик и награда на земјоделците им доделува и едно евро за килограм, што мислам дека е одлична цена за тутунопроизводителите”, изјави Коњановски.
Според него во текот на изиминатите години во тутунопроизводителството забележан е квалитет, но и квантитет на тутунот.