Преферираат домашни електрични автомобили, за кинески не сакаат ни да слушнат

57

Тие остануваат верни на своите брендови дури и кога се во прашање електричните модели.

Домашните електрични автомобили остануваат попривлечни за германските купувачи отколку кинеските, покажуваат истражувањата.

Во новото издание на истражувањето на консултантската компанија Bearing Point и Институтот Handelsblatt (Handelsblatt Research), првите три места на преферирани брендови ги држат Volkswagen, Audi и Mercedes.

Кинеските увозни марки MG, BYD и Great Wall Motor (GWM) сè уште имаат слаба работа и покрај пониската цена, пренесува dpa.

За истражувањето биле анкетирани повеќе од 2.000 луѓе во Германија.

62 отсто од нив ја навеле цената како клучен критериум, при што речиси исто толку обрнувале внимание на опсегот, трошоците за возење и квалитетот на брендот.

Генерално, потрошувачите ги гледаат моделите на Фолксваген како најдобра зделка, иако компанијата води само во неколку поединечни категории.

Купувачите ги гледаат Mercedes и BMW како особено иновативни, но Баварците се само седми по популарност, зад Tesla, Porsche и Hyundai.

Следат Opel и Renault со релативно поволна просечна цена, пред слабо ценетите кинески марки, пред се поради перцепцијата за квалитетот.

Забележливо е дека пионерот на електричните автомобили Тесла сега е слаб во таа категорија.

Американската компанија повеќе не е репер кога станува збор за електромобилноста, рече аналитичарот на Институтот Handelsblat, Свен Јунг.

Германските производители сега се сметаат за лидери во однос на технологијата, а на домашниот пазар им помага силата на брендот и широко распространетата сервисна мрежа.