Преферираат недвижнините да ги плаќаат во готово

39

Републичкиот геодетски завод на Србија во февруари оваа година прими 11.670 договор за промет со недвижнини, што е за 17,6% повеќе во однос на јануари и 10,9% повеќе во однос на февруари минатата година, пренесуваат српските медиуми.

Доминантен начин на плаќање во прометот на недвижнини во февруари оваа година беше готовинскиот и тоа со 85% од вкупниот промет.

Количината на пари на пазарот во февруари оваа година на ниво на цела Србија изнесуваше околу 401,2 милиони евра, при што пазарот на недвижнини во Белград имаше удел од 49%.

Фото: Pixabay