Луксузот е најчесто дефиниран со ретки вина, лимитирани серии на часовници, накит и слични додатоци. Но, заедно со сиот тој луксуз доаѓа и потребата истиот да биде максимално заштитен. А кога станува збор за заштита, тука се софистицираните сефови на германскиот бренд Döttling.
Döttling е светски познато име уште од 1919 по својата експертиза за изработување на брави. Веќе четири генерации брендот нуди рачно изработени по нарачка, ексклузивни луксузни сефови.
Изработени од најцврстите материјали, обложени со најпрефинета кожа, сваровски кристали, отпорни на оган и секакви климатски услови, тие се всушност парче мебел каков што клиентот ќе посака.
Еве како изгледа најсигурната заштита на луксузот.