Преговори за намалување на роаминг цените со ЕУ

23

mobilen-20-03-540x320Тема на разговор на денешната средба на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски со директорот на Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, Роберт Медлин, ќе бидат Правните инструменти и решенија, со кои ќе се овозможи имплементација на иницијативата за намалување на цените на роаминг-услугите на Македонија со земјите од Европска унија.

На средбата во Брисел ќе присуствува и делегација на Агенцијата за електронски комуникации предводена од директорот Роберт Орданоски.

Минатата година во септември АЕК доби позитивно мислење за иницијативата што ја покрена за изедначување на роаминг цените за граѓаните на Македонија. Од агенцијата продолжија да работат на унапредување на препораките и на соработка со државните и меѓународни институции, со цел финално прифаќање на иницијативата и конечно намалување на роаминг цените.

Со тоа македонските граѓани ќе имаат можност да ги користат придобивките на единствениот европски пазар.

Владите на Србија и на Црна Гора ја прифатија иницијативата со што се договара заеднички став во текот на преговорите со Европска комисија за таа активност. АЕК и Министерството за надворешни работи веќе работат на текстот на предлогот за заеднички настап на трите држави.