Преграда се трансформира во удобно перниче за дремка на работа

63

ured za dremka

Дизајнерското студио Joynout од Израел и архитектот Шарон Ливерант создадоа производ што ќе им биде од голема корист на оние кои поминуваат минимум осум часа дневно во канцеларија, пишува Design boom.

Станува збор за преграда меѓу работните маси, којашто може да се трансформира во удобен потпирач за глава. Штом вработениот почувствува дека му паѓа концентрацијата и станува помалку продуктивен, може да го намести потпирачот и да одмори неколку минути.

ured za dremka 1

Рамката е направена од цврст полимер, додека централниот дел е направен од мек материјал што апсорбира врева.

ured za dremka 2