Прекинато производството на Фолксваген

205

Производството во фабриката на Фолксваген во Емден, прекина по протестите на фармерите.

„Производството денеска е во застој“, изјави во понеделникот портпаролката на Фолксваген. Патиштата до фабриката беа блокирани од протестите на земјоделците. Поради тоа, не можеше вработените да дојдат на работа.

Во центарот на Минхен се движат 5.500 трактори, објави полицијата на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер.

Максимално избегнувајте ја целата област“, ​​велат градските власти.

Зошто има протести?

Земјоделците почнаа со блокади поради најавените кратења на германскиот буџет за земјоделците.

„Ситуацијата беше доволно тешка, а даноците за земјоделскиот дизел и возилата беа последната капка. Во последниве години, станавме само робови на бирократијата“, рече земјоделецот и водач на состаноци Роберт Илихман.