Преку нов предлог Закон ќе продолжи процесот на легализација

81

Наша интенција е да го продолжиме рокот за легализација преку нов Закон за да може да им се даде можност на сите физички и правни лица кои досега не ги легализирале објектите или подземната инфраструктура, тоа да го сторат. Ова го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ѓорче Петров.

Новиот предлог Закон за добивање на правен статус на бесправно изградените објекти веќе е влезен во собраниска процедура. Со него се очекува да се продолжи рокот за легализација на дивоизгардените објекти со нов рок по предлог на локалните самоуправи.

“Според новиот предлог Закон, а за кој очекуваме поддршка од пратениците, висината на надоместокот е утврдена со висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во секоја општина посебно -комуналии – и се зголемува за 50 %. Од плаќање на надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти како и верските објекти. За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја  со новиот предлог закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување со овие подрачја. Сакам да напоменам дека првично со овој предлог закон крајниот рок за легализација беше за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, а беше на барање и со силна поддршка на локалните самоуправи и градоначалниците”, изјави Бочварски.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, доделија триесетина решенија за легализација на жители од општината.

Фото: Pixabay