Преку тутун до биодизел гориво

66

images (2) Македонија во соработка со италијански експерти почна проект за употреба на тутунот за биодизел гориво. Како што беше речено на средбатa во Институтот за тутун, ова е резултат на барањето на Светската здравствена организација за намалување и пренамена на површините со тутун.
“Тутунот има алтернативи и затоа, заедно со Министерството за земјоделство, се залагме површините да се задржат. Пушењето е штетно, но не и тутунопроизводството. Постојат можности и бараме начини за негова поинаква употреба”, изјави Васко Ристески од Стопанската комора на Макеоднија.
Проектот наречен ЕЛ-84 е македнско-италијански и предвидува употреба на тутунот за биодизел гориво. Треба да биде готов до јуни годинава по што експертите ќе работат на студијата и на резултатите.
Според Филипо Моцариол од Унијата на стопански комори од Венето, Италија, целото растение на тутунот нуди можности да се искористи алтернативно.
“Треба да се добијат податоци и резултати какви се приносите од овој најпознат производствен регион за тутун во Македонија, потоа ќе видиме и каква е исплатливоста за производство на масло или биодизел гориво. Се отворија можностите за искористување на целото растение како база за долгорочна исплатливост”, рече Моцариол.
Во Прилепско годишно се произведуваат околу 12.000 тони ориентален тутун, а италијанските искуства се впечатливи кога се во прашање истражувањата и производството на масло од тутунскиот лист.
“Во средината на минатиот век во Италија почна првото производство на масло од листовите на тутунот. Целото растение може да се употребува алтернативно”, истакна Лујиза Делпјано од Институтот за истражувања и развој од италијанската област Кампања.
Во Институтут за тутун престојуваше италијанска делегација од Унијата на стопански комори од Венето, од Институтот од Наполи и од Стопанската комора на Македонија. Италијанските стручњаци се сретнаа со надлежните од Институтот и со локалните власти за можностоите за алтернативно производство и употреба на тутунот за биодизел гориво.