Прекумерната бирократија ја чини Германија дури 146 милијарди евра годишно

67

Прекумерната бирократија ја чини Германија до 146 милијарди евра годишно загубено економско производство, покажува најновата студија објавена денеска од Минхенскиот институт за економски истражувања ИФО.

Пресметките се базираат на таканаречениот индекс на бирократија, кој дава повеќедимензионална слика за административниот товар во различни земји, особено во областите релевантни за економијата и компаниите.

Инспирација за Германија, меѓу другото, е и Шведска, која има најнизок бирократски индекс од сите земји опфатени со истражувањето.

Големиот обем на трошоци предизвикани од бирократијата покажува дека на Германија и се потребни итни реформи, коментира директорот на Центарот за индустриска организација и нови технологии ИФО, Оливер Фалк.

Според неговите зборови, доколку Германија ја достигне Данска во однос на дигитализацијата на јавната администрација, нејзиното економско производство би се зголемило годишно за 96 милијарди евра, пренесува Танјуг.