Премиерката на оваа земја ќе си чека ред за вакцинирање

43

Финска оваа недела објави детален план за вакцинирање против коронавирусот, според којшто прво ќе се вакцинираат здравствените работници кои работат со заразени лица и работници и штитеници на домовите за стари лица.

По нив ќе се вакцинираат лица постари од 80 години и лица со хронични болести, кои имаат поголем ризик од зараза, а по нив вакцината против коронавирус ќе ја примат лица постари од 70 години.

Првите 10.000 вакцини ќе бидат примени во Финска до крајот на годината. Според Хана Нохинек, главен имунолог на Институтот за здравје и социјална заштита, преку ред никој нема да смее да ја прими вакцината. Освен тоа нема да помогнат ниту пари или положба за да се добие вакцина преку ред.

“Доколку сакате да дојдете преку ред за вакцинација во Финска, нема да успеете. Вакцината нема да може да се купи на приватен пазар“, вели Нохинек.

Претседателот на Финска, Саули Нинисто, е прв на листата за вакцинација, но само затоа што има 72 години, но тој најави дека ќе ја прими вакцината против коронавирус кога ќе дојде на ред.

Од друга страна, премиерката Сана Марин ќе мора да го чека својот ред како и останатите граѓани на Финска затоа што има 35 години.

За разлика од Финска, како што пишува Bizlife, во Србија на 24-ти декември првите вакцини против коронавирусот ги примиле премиерката Ана Брнабиќ (45 години) и министерката за труд, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ (45 години).

Фото: Freepik