
Премиум брендот на кинескиот производител BYD доаѓа во Европа кон крајот на годината. Денза беше официјално претставена во Милано. Овој бренд го започна својот живот во 2011 година како заедничка (50:50) инвестиција на Mercedes-Benz и BYD, но кинескиот производител подоцна купи половина од акциите на Mercedes.
Во моментов, Denza има пет електрични и plug-in хибридни модели на кинескиот пазар, миниван D9, теренците N7 и N9 и седанот Z9 и караванот Z9 GT. Компанијата доживеа значителен раст на продажбата во Кина во 2024 година, продавајќи 125.674 возила. На европскиот пазар Денза директно ќе им конкурира на етаблираните германски производители на луксузни автомобили како Porsche, BMW, Audi и Mercedes-Benz. Идејата е дека сите премиум брендови на BYD (а има три) во Европа се појавуваат како Денза.