Премногу размислувате? Еве како да престанете

75

stop-znak-pixabay

Фото: Pixabay

Да се стави крај на претераното размислување, празните претпоставки и лошите предвидувања е многу полесно да се каже отколку да се направи. За среќа постојат техники, со чија редовна примена може да ги ограничите негативните мисли.

Забележете КОГА премногу размислувате

Свесноста за проблемот е прв чекор кон ставање крај на истиот. Почнете да обрнувате внимание на начинот на којшто размислувате и кога најчесто се јавуваат негативните мисли. Штом забележите дека ги повторувате истите мисли по неколку пати или се грижите за нешто што не можете да го промените, признајте си сами на себе дека тоа нема да вроди со плод.

Предизвикајте ги своите мисли

Многу е лесно да ве понесат негативните мисли. Затоа, пред да заклучите дека неколкуте слободни денови или заборавањето на крајниот рок ќе ве чинат работа, застанете за момент и признајте си сами на себе дека тие мисли прават само штета. Научете да ги препознавате овие грешки во размислувањето пред истите да ве обземат.

Фокусирајте се на решавање на проблемите

Размислувањето за проблемите нема да помогне. Она што е потребно е изнаоѓање на решение. Наместо да се прашувате зошто се случило тоа што се случило, побарајте начин како истото да го решите и извлечете поука за во иднина.

Кратко “прелистување” на проблемите

Одвојте кратко време за да размислите околу проблемите и нивните решенија. Слободно испразнете ја целата негативна енергија за тоа време. Но, штом забележите дека негативните мисли се акумулираат, продолжете со некоја сосем друга работа.

Практикувајте да живеете во сегашноста

Можеби делува невозможно, но ако се фокусирате на случувањата во сегашноста, нема да се грижите за утре или да жалите за нешто од вчера. Посветете се на моментот, на ОВДЕ и СЕГА и нема да имате време за празни мисли што ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го расипат расположението.

Сменете ја “фреквенцијата”

Еден од најдобрите начини да ги истерате негативните мисли од главата е да преминете на нешто сосема поинакво. Физичка активност, дискусија на одредена тема, работа на некој нов проект и слично може многу да помогне во елиминирањето на лошата енергија.