Преносен звучник од преработен отпад

29

Фото: Gomi

Дизајнерското студио Gomi, со седиште во Брајтон, Англија, креираше преносен звучник од LDPE пластика, којашто обично не се рециклира. Нивната цел е на паметен начин да се искористи отпадот што најчестo завршува во океаните, пишува Designboom.

Звучникот е составен од три модуларни делови од мермерна пластика и е изработен користејќи традиционални занаетчиски техники и дигитална преработка, што значи дека секој производ е уникатен.

Дизајнерското студио нуди бесплатни поправки и бесплатно враќање за рециклирање. Составните елементи од звучникот можат лесно да се извадат, а пластичните делови да се стопат и искористат за идни производи без губење на нивната вредност.