Пренослив клима уред што работи на соларна енергија

98

coolalla

Фото: Kickstarter

Coolala е пренослив клима уред за внатрешна и надворешна употреба којшто се напојува со соларна енергија. Уредот тежи три килограми и на него се поставени тркалца и рачка доколку корисникот не сака да го носи во раце.

Coolala може да излади површина од 45 метри квадратни, а откако сонцето целосно ќе ја наполни батеријата може да работи од шест до осум часа. Во клима уредот има вградена LED светилка и може да се користи во темница.

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере околу 25.550 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 42 дена, а веќе имаат собрано 46.779 долари.

Цената на Coolala во претпродажба изнесува 442 долари, а испораката е планирана за јуни 2018 година.