Преполовена добивката на Goldman Sachs во првиот квартал

71

Инвестициската банка Goldman Sachs денеска го објави финансискиот извештај за првиот квартал од 2022 година, според кој добивката на компанијата е речиси преполовена во однос на истиот период минатата година.

Како што Федералните резерви на САД почнаа да ја намалуваат поддршката за економијата од ерата на пандемијата, деловните зделки забавија во првиот квартал, што имаше негативно влијание врз некои од најпрофитабилните сегменти од бизнисот на Goldman Sachs, пренесе Ројтерс.

Профитот на Goldman Sachs падна на 3,83 милијарди долари во првите три месеци, или 10,76 долари по акција, од 6,71 милијарди долари или 18,60 долари по акција пред една година.