Преполовени барањата за проток на гас преку Северен тек 1

64

Побарувачката за проток на руски природен гас до Германија, преку гасоводот Северен тек 1, утринава во 08:00 часот по средноевропско време (CET) речиси се преполови, покажуваат податоците на операторот на гасоводот.

Номинациите изнесуваа вкупно 14,42 милиони киловат-часови (kWh/h) за периодот од 8:00 до 9:00 часот по средноевропско време, што е намалување од нивото над 27 милиони kWh/h порано, објави Ројтерс.

Рускиот енергетски гигант Газпром во понеделникот објави дека затвора уште една турбина на гасоводот Северен тек 1 заради одржување, што ќе доведе до намалување на протокот на гас од среда.