Препорака да не се патува во Италија, а оние кои се веќе таму да бидат претпазливи

26

Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со COVID-19 во Италија, министерството за надворешни работи (МНР) препорачува нашите граѓани да не патуваат на целата територија на Италија.

За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, како што се наведува, се препорачуваат зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.

Од МНР информираат дека нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации. За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk.

“Преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжуваме будно да ја следиме состојбата со COVID-19 и соодветно ќе ги информираме граѓаните, согласно развојот на состојбата. Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk“, стои подолу во соопштението на МНР.

Фото: Pexels