Препораки од АЕК по зачестените кибер напади во државата и регионот

54

Во врска со зачестените сајбер-напади во државата и регионот, Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT препорачуваат организациите од јавниот, владиниот и приватниот сектор да извршат безбедносна процена на своите ИКТ системи и услуги и да имплементираат и применуваат превентивни мерки  и процедури за заштита од сајбер напади и инциденти.
Најважна работа за организациите e да се погрижат да се воспостават основите на сајбер безбедност за да се заштитат нивните вработени, корисници на услуги, информации, уреди, мрежи и системи. Во продолжение се наведени активности кои имаат за цел организацијата  да се осигура дека основните контроли за сајбер хигиена и безбедност се поставени и истите правилно функционираат.

Препорачуваме следните активности да се високо-приоритетни за секоја организација и во најкраток рок истите да ги имплементира:

  • навремено ажурирање на системски и апликациски софтвер и хардвер со последни јавно достапни верзии од производителите;
  • проверка и ревизија на пристапот, преку повремена промена на лозинки, воведување на најава со повеќе фактори, ограничено користење на сметки со администраторски пристап и евиденција на активностите во дневници/Logfiles;
  • проверка на мерките за одбрана, преку навремено ажуриран и активен антивирусен софтвер на сите уреди и системи и со периодично тестирање на правилата за интернет сообраќај поставени на огнениот ѕид/Firewall;
  • надзор и евиденција на пристап и кориснички активности, преку запишување на секоја активност во дневници / Log files и алармирање за невообичаени активности;
  • тестирање и ревизија на политиките за бекап и валидација за исправен бекап, со проверка дали политиките и процедурите за снимање на заштитена копија од важните податоци одговараат на потребите на организацијата, како и проверка на снимени копии од податоци со нивно „враќање“ – за да знае организацијата дека снимените податоци се во ред;
  • план за одговор на инциденти, со идентификувано лице на кое вработените треба да му пријавуваат сомнителни активности и кое ќе ги организира активностите поврзани со справување со инцидентот – со крајна цел што побрзо да се врати нормално работење на организацијата;
  • безбедност на интернет и јавни услуги и сервиси, преку спроведување на надворешно безбедносно скенирање, по што треба да следи период на поправка на најдени слабости и воспоставени директни контакти со интернет провајдерот за брз одговор во случај на DDoS напади;
  • одговор на фишинг-напади, преку едукација на вработените како да препознаат лажни пораки и кому да пријават;
  • безбедност на соработници и трети лица/страни, преку проверка и ревизија на ресурсите до кои организацијата им овозможува пристап на надворешни лица и фирми, вклучително и компаниите кои се ангажирани за одржување на ИКТ системите;
  • пријава на инциденти и сомнителни активности, во склоп на организацијата и до MKD-CIRT. Споделете информации со MKD-CIRT и на тој начин ќе помогнете да се заштитат и другите организации во државата. При тоа, MKD-CIRT пред да сподели пријавена информација, истата ќе ја направи анонимна и не споделува податоци за пријавувачот со трети страни/лица.

MKD-CIRT им препорачува на сите организации во државата да ги имплементираат и користат минималните мерки за сајбер-безбедност кои се наведени во шемата за само-оценување „Сајбер Одговорна Организација“. Повеќе информации ќе најдете на следниот линк: https://mkd-cirt.mk/odgovorno-rabotenje-na-internet/.

Користење на услуга за Надворешна сајбер безбедносна проверка на веб апликации (надворешно скенирање на веб-сајтови). Услугата е бесплатна за операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, организации од јавен и владин сектор и оператори на критична инфраструктура во државата. Со оваа услуга организацијата ќе добие извештај за најдени слабости на своите веб-сајтови кои криминалците може да ги искористат, како и насоки како да ги поправи. Повеќе за услугата на: https://mkd-cirt.mk/usluga-za-proverka-na-veb-aplikacii/.

За подигање на јавна свест за значењето на сајбер-безбедноста и за едукација на вработените, Ви предлагаме следење на бесплатни основни онлајн обуки за сајбер-безбедност наменети за вработени и менаџери, кои се достапни на порталот за едукација на MKD-CIRT на: https://lms.mkd-cirt.mk/. Обуките се достапни на македонски и албански јазик.

Пријавувајте до MKD-CIRT сајбер-инциденти и сомнителни пораки и активности на: