Преседан: Папата постави прва жена на висока дипломатска функција

77

Папата Франциск одлучи да ја именува правничката Франческа Ди Џовани за прва жена  која ќе работи во едно од најважните ватикански секретаријати.
Ди Џовани (66) е именувана за потсекретар за мултилатерални односи во Државниот секретаријат во кој е вработена од 1993 година. Таа е експерт за меѓународно право и човекови права, а ќе биде одговорна за одделение кое ги кординира односите на Светата столица со Обединетите нации и други меѓувладини организации.

Папата одлучи на жените да им даде поголема улога во носењето на важни одлуки во Ватикан и Католичката црква, а работата која ќе ја извршува до сега ја работеле свештеници, бискупи или кардинали.

Ди Џовани за ватиканските весници изјави дека се сложува со ставот на папата, сметајќи дека жените се важни за воспоставување на мир.

Римокатоличката Црква им дозволува само на мажите да ракоположуваат свештеници, а жените традиционално се на маргините на администрацијата.

Но, женските здруженија, вклучувајќи ја и главната организација на римокатоличките калуѓерки, веќе долго време го повикуваат папата да именува повеќе жени на високи должности, повикувајќи се на податоците дека повеќе од половина од 1,3 милијарди католици се жени и дека има три пати повеќе жени верници отколку мажи.

Фото:Pexels