Пресек на почетокот на 2023 година: 10-те најбогати луѓе во светот и нивната нето вредност

459

Минатата година беше тешка за сите кои се занимаваат со бизнис, а најбогатите од нив по правило губат најмногу. На ова главно влијаеше падот на вредноста на акциите на берзите ширум светот, што директно се одрази на личното богатство на сопствениците и основачите на компаниите.

Во продолжение ажурирана листа на првите десет најбогати луѓе во светот, според индексот на милијардери на Блумберг во реално време.

1 Бернар Арно 178 милијарди долари
2 Илон Маск 129 милијарди долари
3 Гаутам Адани 119 милијарди долари
4 Џеф Безос 113 милијарди долари
5 Ворен Бафет 110 милијарди долари
6 Бил Гејтс 109 милијарди долари
7 Лари Елисон 95,9 милијарди долари
8 Мукеш Амбани 88,5 милијарди долари
9 Лери Пејџ 83,3 милијарди долари
10 Стив Балмер 82,4 милијарди долари