По вчерашниот тотален колапс на пазарот на криптовалути, утрово има поинаква ситуација.
Биткоинот утрово поскапе за повеќе од 10 проценти на 38.500 долари. Оваа криптовалута практично ги врати сите загуби што ги направи претходниот ден.
И Етереумот утрово е во добар плус од 10,5 проценти, со што се искачи вредноста на околу 2.600 долари. Вчера оваа криптовалута беше во минус од речиси 15 проценти.











