Пресврт: Volkswagen повеќе не е најпродаван во Кина

49

Кинескиот BYD го престигна Volkswagen на листата на најпродавани марки на автомобили.
Според податоците на CMB (China Merchants Bank International), домашниот автомобилски гигант во ноември на кинескиот пазар продал дури 152.863 возила, што е зголемување за дури 83 отсто во споредба со истиот месец во 2021 година.

Во исто време, Volkswagen продаде 143.602 автомобили, со пад од 0,3% и падна на второто место на листата на најпопуларни автомобилски марки во Кина, пренесува B92.

Ако на резултатот на Фолксваген додадеме 36.847 продадени Ауди, Фолксваген би ја задржал водечката позиција, пренесува Ројтерс.

Иако недостасуваат податоци за последните неколку денови од ноември за конечната месечна позиција, речиси е сигурно дека BYD за прв пат во историјата ќе биде најпродаваната марка на автомобили на кинескиот пазар.

Успехот е уште поголем бидејќи BYD нуди само електрични автомобили и plug-in хибриди.

Потсетуваме дека BYD планира посилен ангажман во Европа, каде што ќе понуди многу конкурентни модели. Палетата наскоро би требало да опфати дури пет модели од овој бренд.