Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард денеска изјави дека Европа, поради забележаниот пад на продуктивноста, треба да ги здружи своите ресурси за заеднички приоритети како што се борбата против климатските промени и одбраната. „На овој начин можеме да ги постигнеме посакуваните резултати и да бидеме ефикасни во управувањето со јавните расходи“, рече Лагард, пренесе Блумберг.
Континентот, додава тaa, го загуби своето место во првите редови на дигитализацијата и во време кога слободната трговија сè повеќе се доведува во прашање.
„Не можеме повеќе да се гледаме себеси како лабав клуб на независни економии. Таа перспектива е застарена во свет кој се распаѓа во геополитички блокови центрирани околу најголемите економии“, рече таа.
Лагард рече дека Европа треба да се гледа себеси како единствена, голема економија со претежно заеднички интереси, пренесува Танјуг.