Претседателката на ССК дел од бордот на Глобалниот комитет на жени лидери

51

Претседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска е дел од бордот на Глобалниот комитет на жени лидери, со којшто претседава Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела, јавува МИА.

“Со Сојузот направивме многу за интернационално да постигнеме успеси во економската соработка и меѓу првите дигитализиравме дел од алатките за меѓународна трговија. Со успех во работата го истакнавме фактот дека и покрај тоа што сме само неколку жени во светот претседатели на национални комори, можеме да промениме многу и да придонесеме за општо добро“, вели Арсовска.

Глобалниот комитет на жени лидери на едно место ги собира највлијателните жени лидери во светот со цел да ги адресираат предизвиците на денешницата, да поттикнат соработка и да генерираат иновативни решенија за зајакнување на светската економија.

Фото: Facebook