Претседателот на Бразил:Неопходно е зајакнување на БРИКС

142

Претседателот на Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва вети дека ќе ја зајакне соработката во рамките на асоцијацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).

Како што додаде, Бразил ќе ги зајакне БРИКС и соработката со африканските земји со цел да се стави крај на изолацијата во која се наоѓа земјата во последните години.

Бразил мора да стане господар на својата судбина“, изјави бразилскиот претседател.

Левичарот Луис Игнасио Лула да Силва положи заклетва претходно во Конгресот.

Ова е трет мандат на Лула да Силва.