Фото: Pexels
Претседателот на Nissan Motor, Карлос Гонс, е уапсен поради наводна финансиска злоупотреба и во исто време доби отказ од оваа функција, пишува Reuters.
Гонс, исто така, е претседател и извршен директор на францускиот партнер Renault.
Јапонскиот производител на автомобили сега спроведува интерна истрага поврзана со злоупотреба на функцијата на претседателот и директор на комапнијата. Резултатите од неколкумесечната истрага покажуваат дека Гонс заедно со директорот Грег Клеи прикажувале неточни податоци во извештаите што биле доставувани до берзата во Токио. Понатаму, истрагата покажува дека Гонс користел средства на компанијата за свои приватни цели, стои во официјалното соопштение на Nissan.