Претседателот на позната банка поднесе оставка поради прекршување на ковид мерките

115

Претседателот на Credit Suisse, Антонио Хорта-Осорио, кој беше под истрага од Одборот на директори на Швајцарската банка за прекршување на карантинските ковид мерки, поднесе оставка.

Оставката стапи во сила веднаш, а неговата функција ја презеде членот на одборот Аксел Леман, пренесува Ројтерс.

„Жал ми е што некои мои лични постапки доведоа до потешкотии за банката и ја загрозија мојата компетентност да ја претставувам банката внатрешно и надворешно. Затоа, сметам дека мојата оставка е во интерес на банката и нејзините акционери во овие клучни моменти. “, наведе Хорта-Осорио во соопштение.

Хорта-Осорио дојде на чело на банката минатиот април за да ја среди корпоративната деловна култура која беше уништена од вмешаноста на Credit Suisse во пропаднатиот инвестициски фонд Archegos и несолвентната компанија за финансиски услуги Гринсил Капитал.