Претседателот на Стелантис демантира: Нашата групација и Рено не се спојуваат

16

Претседателот на Stellantis, Џон Елкан, ги отфрли шпекулациите за спојување со францускиот производител на автомобили Рено и рече дека неговата фирма е посветена на спроведување на својот долгорочен бизнис план.

„Нема план што се разгледува во врска со операциите за спојување со други производители“, рече Елкан во врска со претходните извештаи за спојување меѓу овие компании, според Ројтерс.

Renault претходно го напушти рускиот пазар, вториот по големина на компанијата, и ја намали глобалната соработка со јапонскиот Nissan. Акциите на француската компанија изгубија 40 отсто од вредноста во последните пет години.

И покрај постепеното финансиско закрепнување, пазарната вредност на Рено е сè уште ниска и изнесува нешто повеќе од 10 милијарди евра.

Stellantis е една од најпрофитабилните групи во автомобилската индустрија и според проценките има пазарна вредност од 67 милијарди евра, а неговото портфолио вклучува 14 брендови како Citroen, Opel и Alfa Romeo.