Претседателот на Светска банка во Давос презентираше план за борба против климатските промени

21

Претседателот на Светската банка Аџеј Банга  на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос изјави дека светот се соочува со „егзистенцијална климатска криза“ и претстави план од пет точки за борба против климатските промени.

Првата точка предвидува Светската банка да одвои 45 отсто од средствата за климатски цели до 2025 година, од кои половина ќе бидат наменети за ублажување на емисиите, а другата половина за адаптација на климатските промени.

Друга обврска преземена од Светска банка предвидува поврзување на 100 милиони луѓе во Африка со обновливи извори на енергија до 2030 година, со можност конечниот број да биде 200 милиони.