Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на Обединетите нации

51

Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 23 септември 2021 година, четврток, во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации”.

Обраќањето на претседателот Пендаровски е предвидено на сесијата што ќе трае од 15:00 до 20:45 часот по средноевропско време и ќе може да се проследи во живо на веб-телевизијата на Обединетите нации http://webtv.un.org

Доцна вечерва по средноевропско време претседателот Пендаровски ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.