Претседавачот на Советот на министри на БиХ доаѓа во Охрид за „Отворен Балкан“

15

Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија ќе учествува на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ во Охрид.

Самитот ќе се одржи на 7 и 8 јуни, а ќе започне со работна вечера на која ќе присуствуваат и учесниците на регионалниот собир.

Оваа регионална иницијатива ја сочинуваат Србија, Албанија и Северна Македонија, а заминувањето на претстојниот самит претходно го најави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.