Претставен камионот Никола – поминува 1.900 километри со едно полнење

22

nikola

Американската компанија Nikola Motor Company го претстави својот зелен хибриден камион под името Nikola One што се напојува на водородни ќелии, а со едно полнење ќе може да помине 1.900 километри.

На презентацијата што се одржа минатата недела, извршниот директор на компанијата Тревор Милтон го претстави Nikola One како најнапреден камион некогаш направен и наведе дека една од иновациите е паметната табла што им овозможува на возачите да го одберат најекономичниот пат. Во кабините исто така има кревети, Wi Fi, пристап до 4G мрежа.

kamion3

Хибридниот систем се наоѓа позади кабината на камионот со батерија од 320 киловатчасови што акумулира енергија за работа на шест електро мотори, секој за едно тркало. Силата на камионот е доволна да произведе влечна сила за транспорт на околу 36 тони товар. На потенцијалните купувачи камионите се нудат на лизинг со понуда за бесплатен метан за првите 1,6 милиони километри, кои ќе бидат покриени во цената за лизинг.

Цената сè уште не позната, но од компанијата соопштија дека имаат резервации во износ од три милијарди долари.

nikola-kamionНајголем проблем за овие возила е недостатокот на инфраструктура што ќе им овозможува услуги како полнење на гориво и затоа NMC планира да произведува свое течно хидрогенско гориво што ќе се продава во САД и Канада од 2018 година. За да може да произведува гориво, компанијата планира и изградба на соларни плантажи со капацитет на производство од 100 мегавати енергија, што ќе се користи за електролиза и производство на водород.