Претставен најбрзиот паметен воз

155

Кина го претстави својот нов брз воз којшто има за цел да ги поврзе градовите за време на Зимските олимписки игри во 2022 година. Со сигнали од 5G, безжично полнење и интелигентно осветлување, паметниот воз G8811 тргна од железничката станица во северниот дел на Пекинг на крајот на 2019 година и превезуваше патници до Жангијакоу, пренесува Xinhuanet.

Железницата е долга 174 километри, со 10 постојки. Неколку подземни тунели се изградени по должината на трасата. Со максимална брзина од 350 км на час, ќе го намали времето за патување помеѓу Пекинг и Жангијакоу од над три часа на 47 минути, олеснувајќи го меѓуградскиот сообраќај. Изградбата на брзата железница траеше околу четири години.

Возовите на железничката пруга Пекинг – Жангијакоу автоматски можат да тргнат и застанат, отвораат и затвораат врати и да решаваат итни случаи. За спортистите во возот има и простор за сноуборди и друга опрема за скијање.

Фото: Youtube