Превозот на стока во патниот транспорт меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи до крајот на годината

На денешната владина седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Република Северна Македонија  превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји.
Во време на воена состојба во Украина ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи.