Преземање на одговорност

354

odgovornost

Фото: Pixabay

Кога наоѓаме изговор за нашите постапки или пробуваме да обвиниме друг, тоа не само што нè карактеризира како личност која не презема одговорност, туку и личност која е склона кон неуспех и лаги.

Има многу знаци што покажуваат дали сте или не личност која презема одговорност, како што се:

  • Недостаток на интерес на работа или дома;
  • Недостаток на интерес за соработка во тимот или во фамилијата;
  • Постојано обвинување на другите;
  • Незавршени задачи и незапазување на рокови;
  • Постојани приговори за несоодветен третман во тимот.

Очите и ушите мора да бидат постојано отворени за да се увиди навреме дали некој член од тимот ги манифестира овие знаци и соодветно да се реагира, за да може ситуацијата да се промени или да се замени личноста. Но, што и да се случува, ние мора да сме свесни за своите активности и еднаш за секогаш да преземеме одговорност за последиците.

Затоа:

  • Бидете одговорни – ако членовите на тимот се однесуваат неодговорно или вашиот партнер се однесува неразумно, имајте на ум дека вашето однесување е под ваша контрола. Мора да се однесувате одговорно и да бидете свесни за последиците од вашите активности.
  • Прекинете да обвинувате други – само така ќе можете да имате контрола на самите себеси. Со покажување прст кон другите, не правите ништо добро.
  • Бидете свесни за случувањата околу вас – со признавање на грешките и незавршените работи, само се спасувате себе си од потреба за смешни изговори, но и лажења кои доведуваат до намалување на довербата.
  • Позитивен став – сите оние кои не сакаат да преземат одговорност за своите постапки се негативни, нерасположени и цинични.
  • Фокус – бидете фокусирани на работите што ги извршувате.
  • Отворена комуникација – имајте отворена комуникација со членовите на тимот. Отворената комуникација во тимот може да има само позитивни резултати.
  • Контрола – имајте контрола над работите што ги работите за да не се доведете во лоша ситуација.

Со прифаќањето на одговорноста за своите постапки или активности, вие само докажувате дека сте подготвени за промени на својот карактер и на своето однесување. Со подобрување на вашиот карактер, сигурно ќе се подобри вашата позиција на работа, но и вашиот живот воопшто.

Со успех во промените.