Презентирани три старт-ап бизниси од Акцелераторската програма на ЦЕЕД Хаб Скопје

22

2

Една прави, PRIM3D и Ози Фуд Интернационал, три старт-ап бизниси, дел од Акцелераторската програма на ЦЕЕД Хаб Скопје, денеска имаа кратки презентации пред медиумите како подготовка за презентацијата пред инвеститори.

Компаниите се учесници во првата Акцелераторска програма создадена за сериозни старт-ап бизниси и микро компании кои се подготвени систематски да креираат соодветно решение за проблеми и да придонесат со продукт на пазарот кој ќе ги реши потребите и проблемите на клиентите. Во период од три месеци, стартапите преку еден на еден сесии, како и експертски сесии, добиваа поддршка за својата работа и развоен процес. Програмата обезбедува pitch тренинзи на кои стартапите се подготвуваат за презентации пред бизнис ангели и други инвеститори.

4

На крајот на 15 неделната програма, стартапите ќе имаат Demo Day, односно можност своите идеи да ги претстават пред инвеститори, бизнис ангели, инвестициски фондови.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија, обезбеди Акцелераторски инвестициски фонд од 30.000 долари за инвестиции во стартапи што се дел од програмата.

1

Веќе е отворен повикот за новата акцелераторската програма која што ќе започне во септември 2017 година. Бројот на учесници е ограничен. Првиот циклус за пријавување е отворен до 30 јуни 2017 година.

Апликацијата ќе ја најдете на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSctEjy0KjTPQ6H0FhXAZuwTJQrDZ7d3CPFtHtPbPQltPs3jIQ/viewform?c=0&w=1

ЦЕЕД Хаб Скопје е акцелератор и коворкинг простор, место коешто обезбедува пристап до иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза, фриленсери и поединци кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис.