Приходите на BioNTech паднаа за дури 95 отсто

61

Фармацевтската компанија BioNTech забележа нето загуба од 190,4 милиони евра во вториот квартал од 2023 година, објави во понеделникот компанијата, пренесува Anadolu.
Приходите на компанијата се намалени за околу 95 отсто на 167,7 милиони евра во периодот април-јуни, во споредба со 3,2 милијарди евра во истиот квартал минатата година, се вели во соопштението на BioNTech.

Компанијата оствари нето добивка од дури 1,67 милијарди долари во вториот квартал од 2022 година.

BioNTech во првата половина од годината оствари нето добивка од 311,8 милиони евра.