Продажбата на Gucci го достигна нивото од пред пандемијата бидејќи италијанскиот бренд ги привлече помладите купувачи со своите кампањи на социјалните мрежи, а на добриот резултат влијаеше и ублажувањето на рестриктивните мерки поради пандемијата.
Приходите на Gucci се зголемија за 86%, а аналитичарите очекувале раст на приходите од 77%.
Според првиот човек на компанијата, Керинг Блумберг, потрошувачите ширум светот сега ги трошат заштедените пари за време на пандемијата и тоа најмногу на луксузни чанти, чевли и накит.
“Резултатите во првото полугодие се одлични и кога станува збор за приходите, но и за профитабилноста“, рекол Жан Марк Дупло, главен финансиски директор на компанија, истакнувајќи дека посебно добри резултати се остварени во азиско – пацифичкиот регион и во Северна Америка.
Фото: Pexels