Приходите на Иран од извозот на нафта скокнаа за 580 отсто

49

Приходите на Иран од извозот на нафта и кондензат скокнале за 580 отсто во првите четири месеци од иранската фискална година, односно во периодот од 21 март до 21 јули, во споредба со истиот период пред една година, објави иранскиот министер за економија Ехсан Кандузи.
„Благодарение на зголемувањето на извозот на нафта и на девизниот курс на нашиот нов буџет, забележавме зголемување од 580 отсто во државната каса од извозот на нафта и кондензат во првите четири месеци од оваа година“, рече Кандузи на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Британската агенција додава дека позитивниот извештај за приходите од нафтата се совпаѓа со најавата за иранската инфлација над 50 отсто, со тројно зголемување на цените на суровините, зголемување на трошоците за енергија и станови и протести кои се шират во земјата поради економските проблеми.

Цените на нафтата се речиси двојно зголемени од пред една година поради војната во Украина и глобалното економско закрепнување по пандемијата.