
Приходите што се влеаја во рускиот федерален буџет од нафтениот и гасниот сектор изнесуваа 6,03 трилиони рубљи (61,5 милијарди евра) во периодот од почетокот на јануари до крајот на август, објави руското Министерство за финансии.
Тоа е за 20,2 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, објави ТАСС.
Приходите на рускиот федерален буџет што не се поврзани со нафтата и гасот се зголемија за 14,3 проценти во истиот период во споредба со истиот период минатата година на 17,7 трилиони рубљи (180,75 милијарди евра), објави министерството.











