
Приходите од нафта и гас во Русија се намалија за 35,4 проценти во мај во споредба со истиот период минатата година, објави денес руското Министерство за финансии.
Според овие податоци, во петтиот месец Русија заработила 512,7 милијарди рубли (5,7 милијарди евра) од продажба на гореспоменатите енергетски производи, додека пред една година тоа изнесувало 793,7 милијарди рубли (8,85 милијарди евра), објави Тасс.
Приходите од нафта и гас, исто така, се намалиле во периодот од јануари до мај годинава за 37,4 проценти на годишна основа, на 4,24 милијарди рубли (47,2 милијарди евра).











