Приходите од нафта и гас во Русија се зголемени за 61,6 отсто

55

Приходите на рускиот буџет од нафта и гас за првите седум месеци од оваа година се зголемени за 61,6% на годишно ниво, на речиси 72,85 милијарди евра, објави руското Министерство за финансии.

Даноците за екстракција и извоз на нафта и гасен кондензат (данок за екстракција на минерали, извозна такса и дополнителен данок на добивка) од јануари до јули 2024 година донеле 85,32 милијарди евра во рускиот буџет, пренесува Танјуг, повикувајќи се на ТАСС.

Производството на гас во Русија годинава ќе се зголеми за шест отсто на 675 милијарди кубни метри, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за пазарот на гас.

Зголемени испораки на гас во Кина
Според податоците на агенцијата, производството на руски гас во првата половина од оваа година се зголемило за седум отсто на годишно ниво, пишува Комерсант.

Главен мотор на растот на производството на гас во првата половина од годинава беше растот на извозот преку гасоводи, како и на извозот на течен природен гас.

Во споменатиот период Русија ги зголеми испораките на гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ за 35 отсто на годишно ниво, а зголемена е и испораката за Европа.