Приходите од руската нафта и гас се намалени за 52 отсто во периодот јануари-април

60

Руските приходи од нафта и гас се намалени за 52 отсто на годишна основа во првите четири месеци од оваа година, објави Министерството за финансии на Руската Федерација, пренесува Анадолија.
Руските приходи од извоз на нафта и гас изнесуваат 2,3 трилиони рубљи или 30,2 милијарди долари.

Министерството го припиша падот на приходите во периодот јануари-април на „падот на цените на нафтената мешавина на Урал и намалувањето на обемот на извозот на природен гас“.

Вкупниот буџетски дефицит во истиот период изнесува 3,4 милијарди рубљи, објави Министерството, додавајќи дека и вкупните буџетски приходи се намалени за 22 отсто на 7,8 милијарди рубљи во споредба со истиот период минатата година.