Приходите од туризмот во Турција се зголемија за 190 отсто во вториот квартал

94

Приходите од туризмот во Турција во вториот квартал од годинава се зголемени за 190,2 отсто во однос на истиот период лани, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот институт за статистика ги објави најновите податоци за приходите од туризмот за периодот април-јуни годинава.

Приходите од туризмот во наведениот период изнесуваат повеќе од 8,7 милијарди долари.

Околу 83,8 отсто од приходите од туризмот се генерирани од странски посетители, а 16,2 отсто од турски државјани кои живеат во странство.

Личната потрошувачка изнесува 6,2 милијарди долари од приходите остварени во наведениот период, а на пакет аранжманите отпаѓаат на 2,4 милијарди долари.

Просечното трошење за еден ден во овој период беше 78 долари.

Бројот на посетители кои престојувале во Турција во тој период изнесува повеќе од 11,9 милиони, што е зголемување за 193,6 отсто.