Прилив од 25,7 милиони евра на директни инвестиции во првиот квартал

32

Во текот на првиот квартал од 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 25,7 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Овој износ, како што се наведува, е резултат на зголемена реинвестирана добивка и сопственички капитал (за 95,5 и 33,9 милиони евра, соодветно), при намален меѓукомпаниски долг за 103,7 милиони евра.

Податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субјeкти.

Фото: Pexels