Приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора на крајот на јуни изнесува 462 милиони евра

14

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции (СДИ) на крајот на јуни изнесува 462 милиони евра, додека во исто време од земјата излегле 194,93 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ).

„Нето-приливот на странски директни инвестиции од јануари до јуни изнесува 267,07 милиони евра, што е за 26,37 отсто помалку во однос на истиот период лани“, се наведува во Билтенот на CBCG, цитиран од Мина.

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции е намален за 10,27 отсто во однос на споредбениот период.