Примал плата 15 години, но никогаш не се појавил на работа

155

Еден човек, вработен во локална здравствена установа во калабрискиот град Катанѕаро, добивал плата 15 години без никогаш да се појави на работа.

Тој беше вработен во одделот за итни интервенции во случај на пожар, а за тоа време заработи повеќе од половина милион евра.

Полицијата ги прегледала картичките за присуство и открила дека 66-годишниот Салваторе С. никогаш не дошол на работа за која земал редовна плата, а со цел да обезбеди такво нешто, Салваторе повеќепати испраќал “трето“ лице на кое јасно му се заканувало на шефовите, колегите и членовите на нивните семејства, ако не дозволат Салватор да не работи и да прима плата, пренесува Анса.

Обвинителството ги истражува деталите за случајот, а покрај “серискиот неработник“, како што дефинира локалниот печат, обвинети се уште 6 вработени во таа здравствена установа, меѓу кои и двајца шефови.

Фото: Pixabay