Принципи врз кои Лари Пејџ го изгради Google

153

1Лари Пејџ е првиот човек на светски најпознатата интернет компанија Google. Пејџ заедно со Сергеј Брин ја основаа оваа компанија во 1998 година и ја водеа се до 2001 година, кога за претседател и извршен директор беше поставен Ерик Шмит. Минатата година Шмит се повлече од функцијата извршен директор, а неговата улога ја презеде Лари Пејџ.

Во 2012 година Пејџ се најде на 13 место на листата на Форбс на 400 најбогати Американци, а неговото богатство беше проценето на 20,3 милијарди долари.

Како Пејџ успеа да го однесе Google толку високо? Ова се принципите до кои се држи, а се однесуваат на следните работи:

Почнувањето на бизнисот

Мислам дека една од причините зошто сме успешни е затоа што првично не сакавме вистински да започнеме бизнис.

Високите стандарди

Можеби мислите дека користењето на Google е одлично, но јас се уште мислам дека е страшно.

2

За злобата

Ние имаме мантра: не били злобен, прави го најдоброто што знаеш за корисниците, клиентите, за секого. Мислам дека ако сме препознатливи по тоа, тоа ќе биде нешто прекрасно.

Како да се будиш наутро

Ако го менуваш светот, значи правиш нешто многу важно. Мора да се будиш со возбуда наутро.

Користење на парите како мотивација

Да бевме мотивирани од пари, ќе ја продадевме компанијата одамна и ќе завршевме на плажа.

Стратегии

Повеќе би сакал луѓето да мислат дека сме збунети отколку нашите конкуренти да знаат што планираме да правиме следно.

Да се биде познат

Ми се допаѓа фактот дека можам да се сретнам со секого и да поразговарам.

3

Да се биде лидер

Мојата работа како лидер е да бидам сигурен дека секој во компанијата има големи можности и дека се чувствува дека има големо влијание, дека придонесува за доброто на општеството.

Градење на култура на компанијата

Важно е компанијата да биде како фамилија, луѓето да се чувствуваат дека се дел од компанијата, како дел од фамилијата. Кога ги третирате луѓето на таков начин, како фамилија, ќе добиете поголема продуктивност.

4

Целта на Google

Сакаме да изградиме технологија што сите ќе ја користат и ќе влијае врз сите. Сакаме да создадеме убави, интуитивни технологии кои ќе им бидат корисни на луѓето двапати дневно. Како четка за миење заби. Не постојат многу нешта што луѓето ги користат двапати на ден.